Ивана Ѓорѓиевска: Водевме кампања со визија, проекти и со дела (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Носителката на советичката листа на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Ивана Ѓорѓиевска, на денешната прес конференција направи збирна оценка на изборната кампања пред првиот круг на локалните избори в недела. Во изминатите три недели, заедно со нашиот тим од Движењето ЗНАМ – прошетавме низ сите делови на општина Куманово.

„Се сретнавме со граѓаните, разговаравме со нив ги слушавме нивните проблеми, предлози и идеи. Со задоволство можам да го споделам денеска е – дека кумановци ја прифаќаат нашата програма, се согласуваат со тоа како ние планираме да работиме во наредниот мандат. И, она што најсилно го почувствувавме е љубовта кон градот и желбата за контиуитет што носи  реални резултати, а не празни ветувања“, нагласи Ѓорѓиевска.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Еден загинат и двајца тешко повредени во сообраќајка кај село Трновац

 

 

Оваа кампања, рече таа, ја водевме чесно, транспарентно и достоинствено со проекти, со визија и со дела кои зборуваат наместо нас. Она што го имаме сработено досега е нашиот најголем капитал е показател дека ние исполнуваме. Не ветувавме невозможни работи, туку конкретни решенија кои веќе се реализираат или се подготвени да почнат.

„Со таквите проекти дефинитивно го правиме Куманово – модерен град со нови улици и булевари, нови плоштади, повеќе паркинг места, со поголеми зелени површини – паркови, дрвореди и зелени појаси, со нови сообраќајни решенија депонии, со поголема водоводна, канализациска и гасоводна инфраструктура. И, општина со нови инвестиции, ново отворени работни места и перспектива за младите. Веруваме во континуитет, стабилност и вистински развој. Куманово има потенцијал, има луѓе со идеи, со енергија и со желба да напредуваат.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Навреме отворени сите избирачки места во Куманово, Старо Нагоричане и Липково

Нашата цел е едноставна да го задржиме тој напредок, да ја продолжиме изградбата на современ, зелен и уреден град, каде што секој човек ќе има достоинствен живот“, потенцираше носителката на советничката листа на Движењето ЗНАМ за Куманово.

Ѓорѓиевска ги покани кумановци вечерва да присуствуваат на завршниот митинг на Движењето ЗНАМ во Домот на културата „Трајко Прокопиев“, а в недела да излезат масовно на гласачките места. „Излезете и поддржете нè затоа што зад нас стои визија, систем и тим што работи за Вас, не за лични интереси. Поддржете нè затоа што знаеме како, затоа што ве слушаме и затоа што сме дел од вас. На 19 октомври изберете стабилност, искреност и дела. Гласајте за број 2 – Движењето ЗНАМ – За наша Македонија“, повика Ѓорѓиевска.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Ова е излезноста до 9 часот во Старо Нагоричане и Липково?