Бројот на граѓани на Белорусија во руската армија значително се зголеми и сега е речиси 100 пати поголем отколку на почетокот на 2022 година, објавија денес украинските медиуми.
Повеќе од 1.000 Белоруси потпишале договор со руската армија од јули 2022 година до денес, а околу 200 од нив загинале или исчезнале во војната со Украина, според агенцијата Униан, повикувајќи се на податоци од украинските разузнавачки служби.
Од тој број, 596 белоруски граѓани го потпишале договорот само во првата половина на 2025 година.
Како што известува агенцијата, речиси секој петти граѓанин на Белорусија кој се приклучил на руската армија бил убиен.
Според украинското разузнавање, бројот на Белоруси кои потпишале договор со руските вооружени сили во 2023 година се зголемил за 39 пати во споредба со првата година од војната во Украина.
Додека во 2022 година во руската армија имало шест белоруски војници по договор, тој број веќе се зголемил на 235 една година подоцна, додека во 2024 година изнесувал 518.
Заедничките руско-белоруски воени вежби наречени „Запад-2025“ започнаа на територијата на Руската Федерација и Белорусија и ќе траат до 16 септември, потсетува агенцијата Униан.
Според извештаите, во вежбите учествуваат околу 30.000 руски и белоруски војници.