Чешка е подготвена да испрати мировни трупи во Украина

Сподели со своите пријатели

Чешката Република би можела да распореди мировни сили во Украина доколку се постигне договор за меѓународен ангажман, изјави претседателот Петр Павел.

Loading...

Во интервју за чешката новинска агенција CTK, Павел истакна дека од почетокот на конфликтот во февруари 2022 година, неговата земја активно учествувала во поддршката на Киев и дека би било логично да учествува и во мировните операции.

„Доколку мировните единици се распоредат во Украина, Чешка треба да биде дел од нив“, нагласи чешкиот претседател.

За потсетување, американскиот „Њујорк тајмс“ неодамна објави дека западните земји ја разгледуваат можноста за испраќање свои трупи во Украина без претходно одобрение од Москва.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Зеленски: Подготвени сме за средба со Путин, но таа не смее да се одржи во Москва