Народната кујна во Куманово обезбедува оброци за 100 семејства (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Народната кујна во Куманово работи без прекин и секојдневно обезбедува оброци за најранливите категории граѓани, информира Александар Крстевски, раководител на Секторот за социјална заштита при Општина Куманово.

Loading...

– Народната кујна работи 24/7, бидејќи активностите никогаш не престанале. Доколку некои корисници се откажат или поради други причини излезат од категоризацијата на социјални случаи, тие веднаш се заменуваат со лица од резервната листа. Во моментов, како и претходно, опслужуваме 100 семејства, изјави Крстевски.

 

 

Тој појасни дека програмата е наменета исклучиво за граѓаните на Општина Куманово, иако има апликации и од Липково и Старо Нагоричане.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Четири пожари вчера низ кумановско - липковскиот крај

– За жал, тие не можат да бидат вклучени во програмата, но заедно со Црвениот крст и неколку организации кои работат на оваа тематика, излегуваме во пресрет со носење хуманитарна помош во домашни услови, додаде Крстевски.

Корисниците на народната кујна имаат неделно мени, со разновидна храна секој ден.

Loading...

За оние кои не можат секојдневно да доаѓаат, кујната во интернатот, по потреба им дава и суви оброци за повеќе денови.

– Временските услови се екстремно топли деновиве, па обезбедувачот излегува во пресрет и надвор од договорот, а корисниците се презадоволни затоа што барем еден оброк дневно им е загарантиран, истакна Крстевски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  14-годишник од Куманово ќе се гони за шест „тешки кражби“

Според него, во буџетот на Општина Куманово за овој проект се предвидени 6 милиони денари, а веќе се разговара со градоначалникот за можноста следната година да се зголемат квотите, во зависност од финансиските средства.

Никола Ивановски