Горат повеќе кумановски села, Ангелов повика граѓаните да изорат околу своите имоти

Сподели со своите пријатели

Пожари од вчеравечер беснеат низ повеќе кумановски села, а најкритично е во селата Бељаковце, Облавце, Стрезовце и Ругинце.

Loading...

Утринава се уште гореше сува трева во селото Табановце, кој избувнал вчера околу 12:55 часот.

Во селото Ругинце поожарот кој избувнал вчера попладне утринава бил се уште активен и се интервенирало со две противпожарни возила и пет пожарникари.

Пожарите во Бељаковце, Облавце и Стрезовце се уште се активни, сите екипи се на терен, а директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов ги повика граѓаните да се вклучат и самите во борба со пожарите.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  23-годишен кумановец возел пијан, полицијата го привела

– Станува збор за села каде има повеќе куќи, од овие куќи дел се целосно напуштени дел се би рекол делумно напуштени односно нивните сопственици понекогаш доаѓаат во овие куќи од коишто некои се претворени претворени во викендици за жал вегетацијата кај овие куќи е многу висока тревата и грмушките влегуваат буквално на некое место до куќниот праг. Затоа апелирам до овие жители коишто имаат овде куќи викендици нека отидат нека си ги изрорат своите дворови нека изворот вегетацијата околу својата куќа нека ги исечат дрвјата и грмушките околу куќата нека недозволуваат вегетацијата да влегува во нивните дворови оттаму да доаѓа до нивните влезни врати или до гредите од покривната конструкција од каде што пожарот најчесто се проширува во овие куќи, рече Ангелов.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Шпанија и Турција со златни медали од ЕМОФ во Куманово (ГАЛЕРИЈА)

Тој повика граѓаните да не бидат пасивни, затоа што екипите за гаснење се на работ на силите, а распоредени се низ цела држава.

Вчера низ кумановско пожари имало и во село Доброшане каде горела бандера.

Пожар имало и во Бедиње, каде кај бензинска пумпа горела сува тева и стрниште.

Loading...

Сува трева горела и на улицата Никола Тесла, во селото Тромеѓа, како и во селото Табановце.

Во моментов освен Бељаковце, Облавце, Стрезовце и Ругинце, пожар се шири и кон селото Сув Орах.

Никола Ивановски