Околу 1.500 луѓе евакуирани на Крит поради пожар

Сподели со своите пријатели

Околу 1.500 луѓе се евакуирани на грчкиот остров Крит поради пожар кој зафати ниска вегетација, јавија медиумите.

„Евакуацијата е спроведена во повеќе хотели, а туристите безбедно се префрлени во затворената гимназија во општината Јерапетра,“ на југoисточниот брег на Крит, изјави полицајниот службеник Јанис Андрулакис за телевизијата Мега.

Евакуацијата е направена превентивно поради недостаток на воздушна поддршка за време на ноќта.

„Поради силниот ветер, пожарот брзо се прошири на неколку локации,“ а моментално три се активни, рече Андрулакис.

Од утрината околу 270 пожарникари, со поддршка од 10 хеликоптери и дронови, работат на гаснење на пожарот недалеку од градот Јерапетра.