ЕУ предупредува: Затворањето на Ормутскиот теснец би било опасно за целиот свет

Сподели со своите пријатели

Затворањето на Ормутскиот теснец од страна на Иран би било опасно и не би било добро за никого, изјави денес високата претставничка на Европската Унија за надворешни работи и безбедност, Каја Калас.

Loading...

„Загриженоста за одмазда и ескалација на војната е голема, особено затоа што затворањето на Ормутскиот теснец од страна на Иран би било исклучително опасно и не би било добро за никого“, изјави Калас пред новинарите пред состанокот со министрите за надворешни работи на ЕУ, објави Ројтерс.

Иранската телевизија „Прес“ во недела објави дека Врховниот совет за национална безбедност на Иран е на прагот да донесе конечна одлука дали да го затвори теснецот, откако парламентот ја поддржа мерката.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Мерц се сомнева во можноста Украина да биде во ЕУ до 2034 година

Околу 20 проценти од глобалната побарувачка за нафта и гас минува низ овој канал.