Фајненшл тајмс: Русија веројатно подготвува голема офанзива

Сподели со своите пријатели

Русија очигледно се подготвува за голема офанзива во Украина, бидејќи ги движи трупите кон клучните позиции на бојното поле, објави „Фајненшл тајмс“, повикувајќи се на неименувани украински разузнавачки извори.

Loading...

Подготовките што наводно се спроведуваат укажуваат дека Москва планира ескалација на војната и покрај очекуваните преговори за прекин на огнот оваа недела и повиците од Киев и неговите сојузници за безусловно 30-дневно примирје, објавува Index.hr.

Русија ги отфрли предлозите за прекин на огнот доколку тие не бидат придружени со прекин на воената помош за Украина и продолжува со копнени напади по бојното поле и со напади со долг дострел врз украинската инфраструктура.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Најмалку 16 повредени во напади со украински дронови во Белгород

Украинската армија утрово извести дека во последните 24 часа се регистрирани 163 судири. Мониторинг групата „ДипСтејт“ објави дека руските сили неодамна напредувале во Торецк и во близина на Покровское, во регионот Донецк.

Веќе некое време Киев предупредува на голема руска пролетна офанзива со цел освојување на што е можно повеќе територија со цел зајакнување на Русија во евентуалните преговори.

Врховниот командант Олександр Сирски минатиот месец изјави дека кампањата „всушност веќе започнала“ со интензивирање на руската офанзива.

Претседателот Володимир Зеленски оваа недела патува во Турција и го покани рускиот претседател Владимир Путин на разговори за прекин на огнот, што би била нивна прва средба од 2019 година.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Пука икраинската одбрана околу Покровск. „Ова е пекол“

Американскиот претседател Доналд Трамп, кој вети дека ќе посредува во мировен договор меѓу Москва и Киев, изрази оптимизам во врска со можните разговори и ги испрати државниот секретар Марко Рубио и специјалните пратеници Стив Виткоф и Кит Келог.

Loading...

Кремљ сè уште не потврди дали Путин лично ќе учествува во преговорите, но „Вашингтон пост“ пишува дека Москва ќе ја претставуваат министерот за надворешни работи Сергеј Лавров и советникот на Путин за надворешна политика Јуриј Ушаков.

Шефот на кабинетот на претседателот на Украина, Андриј Јермак, на 13 март изјави дека ако Путин не дојде во Турција, тоа ќе биде „последен сигнал“ дека Русија „не сака да ја заврши војната и не е подготвена за никакви преговори“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Лула да Силва: Путин, оди во Истанбул да преговараш