Стармер: Британија е подготвена да испрати војници во Украина по војната

Сподели со своите пријатели

„Британија е подготвена да испрати војници во Украина по војната“, рече британскиот премиер Кир Стармер по вчерашната средба со американскиот претседатле Доналд Трамп.

Loading...

Британскиот премиер претходно изјави дека Велика Британија е подготвена да испрати војници во Украина по војната како дел од мировните сили, но само доколку САД, водечка членка на НАТО, дадат „гаранција“.

На прашањето дали САД ќе им помогнат на британските мировници доколку Русија ги нападне, Трамп одговори:

„Британците имаат неверојатни војници, неверојатна војска и можат да се грижат за себе. Но, ако им треба помош, јас секогаш ќе стојам покрај Британците, во ред?“

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трамп и Зеленски во Вашингтон ќе потпишат договор за ретки минерали

Членот 5 на НАТО предвидува дека членките на алијансата помагаат во одбраната на секој сојузник што е нападнат.

Пофалувајќи ја „личната посветеност на Трамп за постигнување мир“ во Украина, Стармер рече дека Велика Британија е „подготвена да испрати војници и авиони за поддршка на договорот“.

„Фокусирани сме на постигнување траен крај на оваа брутална војна во Украина“, рече тој.

Сепак, тој додаде дека тоа не смее да биде мировен договор „што го наградува агресорот или охрабрува режими како Иран“.

Loading...

Трамп за Путин: Никогаш не знаеш што ќе добиеш

На прашањето дали Владимир Путин е доверлив, британскиот премиер рече дека неговите ставови за рускиот претседател се добро познати.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  „Не се сеќавам дека сум го нарекол диктатор“, рече Трамп за Зеленски

На прашањето зошто тој самиот изгледа дека има доверба во Путин, а Стармер не, Трамп рече:

„Познавам многу луѓе за кои би рекле дека нема шанси некогаш да ве измамат, а тие се најлошите луѓе на светот. Знам други за кои би гарантирал дека ќе те измамат, и знаете што? Тие се 100% искрени. Така, никогаш не знаеш што ќе добиеш“.