На валутните пазари, вредноста на доларот во однос на кошничката валути благо опаѓа трет ден по ред.
Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утринава се движи околу 105,23 поени, додека вчера во ова време изнесуваше 105,29 поени.
Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од вчерашните 157,85 на 158,10 јени.
Сепак, американската валута ослабе во однос на европската, па цената на еврото достигна 1,0745 долари, додека вчера во овој момент беше 1,0740 долари.
Цените на нафтата, пак, се стабилни. Цената на барелот на лондонскиот пазар утрово зајакна за 0,03 отсто, на 85,05 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот се намали за 0,27 отсто, на 81,35 долари.