Средното општинско училиште Гимназија „Гоце Делчев“ денеска одбележа 144 години од раѓањето на својот патрон, при што голем број делегации положија свежо цвеќе пред училишната биста.
Loading...
[huge_it_gallery id=”294″]
Претставници на политичките партии, професори, ученици, претставници на Советот на Општина Куманово, Здружението на пензионери, „Бранители 2001“, ученици и граѓани му одадоа почит на најголемиот револуционерен деец во историјата на Македонија.
Чест и задоволство ми претставува да ве поздравам и да ви посакам добредојде од вработените на нашето училиште и од мое лично име по повод 144 години од раѓањето ан нашиот великан, револуционер, воедно и нашиот патрон Гоце Делчев – рече директорот на СОУ Гимназија „Гоце Делчев“, Горан Димитријевиќ во своето обраќање.
Loading...
На крајот од манифестацијата следуваше и литературно читање на учениците од гимназијата која гордо го носи името на Гоце Делчев.