„Сакам да ѝ се заблагодарам на мојата претходничка Лиз Трас. Не згреши кога сакаше да го подобри растот во оваа земја, тоа е благородна цел и се восхитувам на нејзината немилосрдност да донесе промени, но беа направени некои грешки“, рече Сунак.
Рече дека веднаш ќе се фати за работа и ќе ги исправи грешките.
„Видовте за време на Ковид, кога направив се што можев за да ги заштитам луѓето и компаниите со различни планови за помош, секогаш има ограничувања. Сега повеќе од кога било, но ви ветувам едно – со истото сочувство ќе се справувам со денешните предизвици. Мојата влада нема да ја остави следната генерација, вашите деца и внуци, со долг што не можевме сами да го вратиме“, рече Сунак.
Тој порача дека ќе ја обедини државата, не со зборови туку со дела.
„Ќе работам од ден на ден за да ви дадам резултати. Оваа влада ќе има интегритет, професионализам и одговорност на сите нивоа. Довербата се заработува, а јас ќе ја заработам вашата“, рече Сунак.
Тој додаде дека секогаш ќе му биде благодарен на Борис Џонсон за неговите достигнувања.
„Знам дека ќе се согласи дека мандатот што го доби мојата партија во 2019 година не е ексклузивна сопственост на еден поединец, тоа е мандат кој припаѓа и не обединува сите нас. Срцето на тој мандат е нашиот манифест. Ќе го исполнам неговото ветување, посилен национален здравствен систем, подобри училишта, побезбедни улици, гранични контроли, поддршка на вооружените сили и градење и зајакнување на економијата која ги прифаќа можностите на Брегзит, иновира и отвора нови работни места. Разбирам колку е тежок овој момент. По милијардите фунти што ги потрошивме во борбата против Ковид и сите проблеми предизвикани од страшната војна која мора успешно да заврши, целосно ценам колку е тешко и разбирам колку е тешко, а исто така разбирам дека имам многу работа пред мене да ја вратам довербата откако се случи се“, изјави Сунак.
„Јас не се плашам. Знам каква висока должност прифатив и се надевам дека ќе ги исполнам барањата на таа должност, но кога ќе се укаже прилика, не можете да го доведете во прашање моментот, само вашата волја и подготвеност. Затоа, стојам пред вас подготвен да ја водам нашата земја во иднината“, рече Сунак.
Сите информации поврзани со најновите случувања во Велика Британија можете да ги прочитате ТУКА.