Сунак од денеска и официјално е премиер на Велика Британија

Сподели со своите пријатели

Риши Сунак денеска ќе стане новиот британски премиер, објави Даунинг стрит.

Loading...

Владата го објави распоредот во вторник за премиерката во заминување Трас за последното појавување со нејзиниот кабинет во 9:00 часот по локално време, по што таа треба да одржи говор пред Даунинг стрит 10, објави Гардијан.

Таа потоа ќе замине во Бакингемската палата, каде што ќе биде британскиот крал, а потоа Сунак ќе се сретне со Чарлс Трети, кога од него ќе биде побарано да формира влада.

Новиот премиер потоа ќе одржи говор пред Даунинг стрит кој е планиран околу 11:35 часот.

Сите информации поврзани со најновите случувања во Велика Британија можете да ги прочитате ТУКА.