Петмина загинати во руски ракетен напад врз станбена зграда

Сподели со своите пријатели

Најмалку пет лица загинаа во четвртокот кога руски проектили погодија станбена зграда во јужна Украина, додека наводно била погодена и воена база на друга локација, јавува Анадолија.

Loading...

Службата за итни случаи на Украина соопшти дека проектилите уништиле петкатна зграда лоцирана во градот Миколаев.

Според извештаите, од под урнатините живо е извлечено единаесетгодишно момче, а операциите за пребарување и спасување продолжуваат.

Во меѓувреме, регионалната воена управа на Лавов објави дека руските сили истрелале три проектили, од кои едната била соборена од украинската противвоздушна одбрана.

Во нападот е оштетен воен комплекс во близина на Лавов, а засега нема информации за повредени.

Два напади во текот на ноќта, наводно, се случиле и во источниот украински град Харков, предизвикувајќи прекин на електричната енергија во некои области.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.