Во 37 региони на Русија откриени се 106 неонацисти на украинската организација „МКУ“, која се занимавала со подготовка на терористички напади и масовни убиства, соопшти Федералната служба за безбедност.
Ова е најголемата операција против членови на оваа екстремистичка организација во Русија.
Според соопштението на ФСБ, основач на организацијата е Јегор Краснов, кој работи под покровителство на украинските специјални служби.
Истражниот комитет ги следи неговите постапки, против него веќе е поведена кривична постапка за подготвување на убиствата, а покрената е и иницијатива за негово распишување меѓународна потерница.
Целта на денешната акција беше да се осуетат акциите на приврзаниците на Краснов во различни делови на Русија, до кои преку социјалните мрежи и месинџер стигнаа информации за извршување терористички напади и масовни убиства.
Како што се наведува, уапсени се тројца администратори на интернет мрежите на таа организација, кои по наредба на Краснов пропагирале екстремистичка идеологија и повикувале на дејствија со употреба на насилство.
Уште две лица се приведени поради сомнение дека подготвувале вооружени напади врз образовни институции.
Дополнително, во регионот на Пенза и во Република Коми беа спречени активностите на две групи од пет и осум члена.
Пронајдени се и разни видови оружје, муниција, воздушни пиштоли, автомати, голем број ножеви, балони со солзавец.