Во текот на ноќта и утрово времето беше облачно со локален слаб дожд, а во источните делови со врнежи од снег, освен на повисоките и на некои пониски места. Дуваше слаб до умерен ветер претежно од северен правец.
Денеска во текот на денот времето низ државата ќе биде променливо облачно и студено, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Претпладне во источните делови со врнежи од снег и на некои пониски места. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне од 0 до 6 степени.
Во Куманово и околината денеска ќе имаме денеска ќе имаме облачно време со услови за врнежи од снег во претпладневните часови. Ќе дува слаб до умерено засилен ветер од северен, односно северозападен правец. Температурата во утринските часови ќе се движи околу еден степен над нулата, додека максималната дневна се очекува да се искачи на два степени целзиусови.
Утре во кумановско ќе имаме облачно и суво време. Ќе дува слаб до умерено засилен ветер од северен, односно северозападен правец. Во утринските часови температурата ќе се движи околу нулата, додека максималната дневна температура ќе се искачи до четири степени целзиусови.
Поголемо разведрување ќе има веќе в среда кога ќе имаме претежно сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и северозападен правец. Температурата во утринските часови ќе се движи околу нулата, додека максималната дневна се очекува да се искачи до третиот степен.
Слично време ќе имаме и во четврток кога температурата ќе се движи во интервал од еден степен во утринските часови до максимални четири во текот на денот.
Зголемување на облачноста и нови врнежи од дожд ќе имаме веќе в петок. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата во утринските часови ќе се движи околу првиот степен, а максималната дневна се очекува да достигне пет степени. Ноќта кон стабота врнежите од дожд се очекува да преминуваат во снег.
Сабота носи облачно време со врнежи од снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен, односно северозападен правец. Утринската температура ќе се движи околу еден степен под нулата, а максималната дневна се очекува да се искачи до четвртиот степен.
Во недела нѐ очекува разведрување кога ќе имаме претежно сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до засилен ветер од северен правец. Температурата во утринските часови ќе се спушти до четири степени под нулата, а дневниот максимум е прогнозиран на два степени целзиусови.
Сабилно време ќе има и во првата половина на следната работна недела, по што се очекуваат врнежи од снег.
Никола Ивановски