Дали би го посетиле овој „град на духовите“? Забранет е влезот по зајдисонце! (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Урнатините на античкиот град Бангар во Индија интригираат со децении, а според легендата – не смеете да зачекорувате на ова место после зајдисонце!

Loading...

За многумина, Индија е совршена дестинација за патувања. Земја на богата култура, антички легенди и најневеројатни вкусови. Со други зборови, по нешто за секого.

Заминал на гробишта да бара духови, а тогаш го снимил ова (ВИДЕО)

За оние со посилен стомак, кои уживаат да ги посетуваат прогонуваните места, Бангар е неизбежна локација ако планирате да ја посетите Индија. На рабовите на Националниот парк „Резерват на тигри Сариска“ се наоѓаат урнатините на Бангар, антички град обвиткан во мистерија.

 

https://www.instagram.com/p/CCNO7zTjiUU/?utm_source=ig_embed

 

Индија е земја на приказни. Во неа, ќе слушнете многу интересни приказни за магијата, боговите, луѓето и животните, а градот Бангар е веројатно едно од местата што ги инспирирале повеќето индиски народни приказни.

Loading...

Според легендите, а најчесто со Багар се поврзуваат две – подеднакво застрашувачки за оние на кои суеверието не им е непознато, ова место е дом на духови.

Во Индонезија со духови ги плашат луѓето за да не излегуваат надвор (ВИДЕО)

Според една легенда, некогаш познатиот град го проколнал човек по име Баба Балнат, кој дозволил градот да се гради под услов никој од неговите делови да не фрли сенка врз неговиот дом. Ако тоа се случи, се заканил Баба Балнат, градот ќе биде уништен. Тоа, наводно, се случило: еден принц изградил дворец кој бил превисок, а домот на Баба Балнат бил во сенка, така што овој фрлил проклетство чија моќ продолжува и до ден-денес.

Според друга легенда, магионичарот Сингхи се вљубил во принцезата, ќерката на владетелот на овој град и подготвил магична напивка за да љубовта му биде возвратена. Како и да е, принцезата сфатила дека маслото што слугинката ѝ го донела од пазарот е маѓепсано, и таа одбила да го користи.

Легендата вели дека ова толку многу го налутило волшебникот што фрлил проклетство врз Багар, а многумина сè уште веруваат дека ова е повеќе од народна приказна, затоа што следната година Бангар се борел против Ајабгарха. Принцезата тогаш и загинала, а приказните за духовите кои го опколиле Бангар започнале да кружат.

Кој го пали светлото во градот на духовите?

Денес, на пошироката територија на овој град живеат помалку од 1.300 луѓе, а најпознат е по урнатините на храмовите, изградени во чест на Гопинату, Шива, Ханумани, Ганеша, Висал Девти, Лавина Девиу и Кешави.

 

Loading...

https://www.instagram.com/p/CB-c4PnM_gP/?utm_source=ig_embed

 

 

И покрај вековните распаѓања и грозоморни приказни, тврдината, затрупана во зеленило, изгледа мирна и е многу популарна туристичка атракција, зачувувајќи ја историјата на кралството изградено од Махараја Саваи Маџо Син во 16 век.

Има остатоци од градски куќи, главниот пат, џамија и убава палата, која е заштитена со две утврдувања.

Во „градот на духовите“ сепак има живи: Тие одбиле да ги напуштат домовите во Чернобил (ВИДЕО)

Сепак, сите љубители на историјата и мистеријата можат да им се восхитуваат на убавините на Багар само во текот на денот. Во моментот кога сонцето заоѓа, мора да сте надвор од нејзините порти затоа што во спротивно ќе го прекршите законот.

„Влегувањето во границите на Бангар пред изгрејсонце и по зајдисонце е строго забрането“, е истакнато на таблата на ова место. „Ќе се преземат правни мерки против секој што не ги следи овие упатства“.

Loading...

Според локалното население, многу патници и доброволци решиле да ја поминат ноќта во тврдината и никогаш повеќе не биле видени. Без оглед на вистината, овој натпис секако ја засилува мистеријата и го прави Багар уште поинтересна туристичка атракција.

Leave a Reply