Во Индонезија со духови ги плашат луѓето за да не излегуваат надвор (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Едно село на островот Јава регрутирало волонтери духови за да ги исплаши луѓето да остнат дома, но за некои тоа имаше спротивен ефект.

Loading...

Индонезиските лидери, вклучувајќи го и претседателот Јоко Видод, се бавно одговорија на пандемијата на коронавирусот. Главниот град Џакарта нареди дводневно затворање на канцелариите и им забрани на луѓето да се собираат во групи поголеми од пет лица, но не им беше наредено директно да останат дома, според „Гласот на Америка“.

Баба и дедо во изолација пронајдоа забава во креативно пиење алкохол (ВИДЕО)

Наместо тоа, беа организирани информативни кампањи кои повикуваат на социјална дистанца и зголемено ниво на хигиена.

Сепак, со најголема стапка на смртност на коронавирус во Азија по Кина, одредени заедници одлучија да ги преземат работите во свои раце.

Волонтерите духови се регрутираат во селото Кепух со намера да одат по улиците, и кога некој ќе ги види да оди веднаш дома и да се сокрие.

Најстариот човек во светот го прослави 112. роденден во изолација

Loading...

Ова беше со цел да се создаде поинаков ефект, плашлив и застрашувачки – објасни Анјар Панцанингтиас, шеф на рурална младинска група која соработуваше со полицијата во оваа неконвенционална иницијатива.

https://twitter.com/egowheein/status/1249413362183634944?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1249413362183634944&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.republika.rs%2Fsvet%2Fsvet%2F199710%2Fstrava-uzas-indoneziji-duhovima-plase-ljude-kako-izlazili-napolje

Додека за некои, идејата се чинеше како вистинско уживање, жителот Карно Супадмо вели:

– Уште од кога се појави ова (Pocong), родителите и децата не ги напуштија своите домови. И луѓето нема да се собираат или да останат на улица по молитвата…

Ја прекршил изолацијата па го изел крокодил

Додека од една страна имаме суеверни луѓе, од друга страна не би било изненадување ако многумина излегоа да ги гледаат маскираните актери.

Дури и „духовите“ мора да бидат внимателни да не бидат самите носители на коронавирусот, затоа што, како што знаеме, вирусот не прави дискриминација!

Loading...

Leave a Reply