Шест бои кои носат среќа, мир и благосостојба и треба да ги имате во домот

Сподели со своите пријатели

Боите се многу важен елемент во украсувањето на домот, но не е само естетика, туку и нивно влијание врз вашето расположение, емоции и благосостојба.

Loading...

Одредени бои се смета дека носат позитивна енергија во вашиот дом, можат поволно да влијаат на вашето расположение, виталност, нивото на енергија, како и вашите финансии.

Квалитетот на сонот и сексот зависат од тоа каде ви е поставен креветот

Жолта боја

Со внесување жолта боја во домот – внесувате топлина и спокојство во просторот, а според експертите за фенг шуи, тој ги стимулира менталните процеси и ја зајакнува интуицијата.

Сепак, бидете внимателни со жолтата боја, бидејќи премногу од оваа боја може да ги замори очите и да создаде чувство на недостаток на енергија.

При изборот на парчиња мебел или украс со жолта боја, идеално место за нив е централниот дел на просторијата, тврдат експертите.

Доколку сакате паричник полн со пари, внимавајте на овие детали!

Loading...

Зелена боја

Зелената е резервирана за успех, просперитет, раст и позитивни промени. Во овој поглед, се препорачува да имате слики од пејзажот во вашиот стан, вашиот работен простор sидовите или мебелот треба да бидат зелени, затоа што тоа носи успех и пари, а се претпочита во кујната, бидејќи тоа е бојата на здравјето.

Сина боја

Сината е бојата на „новиот почеток“. Тоа симболизира добра комуникација со луѓето, ја зајакнува самодовербата, има позитивен ефект врз регулирањето на апетитот, релаксира и смирува.

Фенг шуи за немажените: Вредни совети за девојки кои живеат сами!

Како и кај жолтата, треба да се внимава да не претерувајте со оваа боја бидејќи може да има спротивен ефект ако премногу е присутна во просторијата.

Црвена боја

Црвената е  адреналинска боја – го крева нивото на енергија и ентузијазам и повикува на акција. Црвената е поврзана со огнот, што според вербата на фенг шуи го симболизира доаѓањето на претстојните промени на подобро.

Loading...

Оваа боја во внатрешноста треба да биде присутна во мали количини и детално бидејќи е интензивна и многу моќна.

ИСФРЛЕТЕ ГИ ОД СПАЛНАТА СОБА: Работи кои лошо влијаат на сонот

Црвената, исто така, симболизира успех и финансиска добивка и има позитивен ефект врз емоционалните / партнерските односи.

Виолетова боја

Виолетовата е боја на позитивна енергија, богатство и смиреност. Фенг Шуи препорачува мебелот или декор во виолетова боја да бидат поставени во најоддалечениот лев агол на куќата во однос на влезната врата.

Ваквото опкружување треба да ви донесе успех, спокојство, расположение, просперитет и финансиска благосостојба.

3 магични љубовни ритуали: Еве што треба да направите за да ја привлечете сродната душа

Не се препорачува да имате виолетова боја во делот на станот каде што се одвиваат најголем број меѓучовечки интеракции, како што е дневната соба, затоа што може негативно да влијае на комуникацијата.

Loading...

Портокалова боја

Портокаловата е бојата на здравјето, а со тоа што ќе ја внесете во вашиот дом, внесувате топлина, радост и ентузијазам.

Оваа боја, во нејзината енергична нијанса, ја зајакнува позитивната енергија и се користи и кај заздравувањето на луѓето, бидејќи се покажало дека има позитивни здравствени ефекти.

Кои подароци според фенг шуи не треба да чувате во домот?

Појасните нијанси на портокаловата боја ќе обезбедат да донесете многу смеа, радост и позитивни мисли во домот.

Leave a Reply