СЗО: Нема докази дека антителата значат и имунитет на вирусот

Сподели со своите пријатели

Светската здравствена организација (СЗО) предупреди дека нема докази кои укажуваат дека присуството на антитела во крвта може да утврди дали некој е имун на коронавирус.

Д-р Мајк Рајан, извршен директор за здравствена итност во СЗО, во петокот изјави дека сè уште нема индикации дека огромното мнозинство од населението развило имунитет.

Против коронавирусот се бориме со методи стари 5.000 години

„Постојат очекувања, можеби, дека имунитетот на масата е постигнат и дека повеќето луѓе во општеството веќе развиле антитела. Мислам дека општите докази упатуваат на спротивното, така што ова може да не ги реши проблемите со кои се соочуваат светските влади“.

Бројот на луѓе излечени од коронавирус тестирани повторно позитивно предизвика загриженост кај голем број научници ширум светот, особено од аспект на тоа дека антителата делуваат како одговор на „Ковид-19“.

Три места на кои би биле сигурни од коронавирусот, само ако би ве пуштиле внатре (ВИДЕО)

Иако научниците велат дека сè уште нема докази дека повторно заразено лице може да ја пренесе инфекцијата, сè уште нема студии што би ја побиле оваа теорија.

Leave a Reply