Светот доби нов збор: Дали знаете што значи „ковидиот“?

Сподели со своите пријатели

Коронавирусот пристигна во сите земји во светот, станувајќи глобална пандемија која зарази околу 520.000 и уби повеќе од 23.593 луѓе (до моментот на пишување на овој текст).

Loading...

Сепак, тоа не е сè. Пазарите се сериозно во криза, многу луѓе целосно се изолирани, а насекаде низ светот, луѓето панично купуваат одредена храна и производи за хигиена, создавајќи непотребна паника.

Како да им објасните на децата што е коронавирус?

Затоа Urban Dictionary го измисли зборот ковидиот, со кој се опишуваат луѓе кои во никој случај не им помагаат на другите во овие тешки времиња.

Овој збор ги опишува сите оние кои активно патуваат од појавата на пандемијата, ризикувајќи ширење на инфекција, или оние кои паничат околу залихите, што предизвикува вистински проблеми во некои области погодени од болеста, пишува Спутник.

Има 98 години и успеа да се избори со коронавирусот (ВИДЕО)

Зборот веќе некое време кружи на социјалните мрежи, бидејќи бројни корисници го изразија својот гнев поради несоодветното однесување на некои луѓе, кои беа премногу опуштени или премногу исплашени да размислуваат за другите.

Leave a Reply