Има 98 години и успеа да се избори со коронавирусот (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Ветеран и фармацевт од Втора светска војна, ангажиран во масовно производство на пеницилин за време на војната, позитивно бил тестиран за присуство на вирусот COVID19 на 18 март, откако ги почувствувал првите симптоми на болеста.

Боуден, кој е чукундедо, бил примен во болницата по тестирањето, од каде бил отпуштен по три дена (минатата сабота), бидејќи неговиот имунолошки систем можел да се справи со опасниот вирус без сериозни компликации.

Loading...

Свештеници во борба против вирусот (ВИДЕО)

По отпуштањето од болницата, тој се вратил во неговиот дом во Болтон.

Најмладиот син на Џек, Марк (58), сведочеше дека кога дознал дека неговиот татко е позитивен на коронавирус, напишал проштално писмо до неговиот татко, не знаејќи дека 100-годишник може да преживее толку злобна болест.

„Мислев дека никогаш повеќе нема да го видам. Му напишав прекрасно писмо во кое се збогував“, рекол синот на Џек, Марк.

Балканска е мука преголема, за маске упутство нема (ВИДЕО)

Сепак, во петокот, Марк добил повик од болницата и му рекле дека неговиот татко е многу подобар, имал многу лесна респираторна инфекција и следниот ден ќе биде пуштен од болница на домашно лекување.

Лекарите во Велика Британија сакаат да го испитаат неговиот случај, како апсолутен феномен во однос на диспропорцијата помеѓу возраста, тежината на клиничката слика и брзината на закрепнување.

Избегале во планина да се спасат од коронавирусот, завршиле премрзнати и со казна (ВИДЕО)

Loading...

Џек Боуден во моментов е најстарата личност во Велика Британија, а веројатно и во светот, која го преживеала коронавирусот.


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *