Јадеа сирово месо од мртви верверички пред вегански ресторан, сега добија казна (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Дионизи Хлебников (22) и Гатис Лагздинс (29) кои во знак на протест на 30ти март јаделе сирово месо од мртви верверички пред лондонскиот ресторан за веганска храна, осудени се за кршење на јавниот ред и изречена им е парична казна.

Loading...

Во Судот за прекршоци во Лондон, двајцата кои јаделе мртви верверички негирале дека нивното однесување било непримерно, но во понеделник биле прогласени за виновни, пренесуваат медиумите.

Дошол на фестивал за вегани па со заби кинел месо пред нив (ВИДЕО)

Вишиот обвинител Натали Клајнс истакнува дека Хлебников и Лагздинс тврделе дека се антивегани и дека со тој чин сакале да ја кренат свеста на луѓето и да го свртат вниманието на опасностите кои се закануваат при неконсумација на месо.

Клајнс додала дека мажите се впуштиле во одвратно и непотребно однесување и покрај укажувањата да престанат да го прават тоа.

Француските месари бараат полициска заштита од веганите

– Ги предупредил родител чие дете било вознемирено од нивните постапки, но тие не застанале, рекла таа, затоа утврдила дека свесно сакале да предизвикаат вознемиреност во јавноста.

Хлебников е казнет со 220 евра, додека Лагздинс ќе мора да плати 450 евра.

Loading...

Лазгдинс на Јутуб објавил снимки од слични вознемирувачки активности како дел од својот, т.н. „антивегански активизам“.

Вегетаријанците имаат помал мозок?

Веганскиот ресторан пред кој се случил инцидентот преку соопштение посочил дека нивниот дуќан ќе остане отворен за да овозможи луѓето да уживаат во вкусната и разновидна растителна храна и дека е крајно непотребно да се каже дека сировото месо од мртви верверички не е дел од нивната кулинарска понуда.

https://youtu.be/v-cuT7q1dZ4

фото: Printscreen Youtube/sv3rige

Leave a Reply