Вегетаријанците имаат помал мозок?

Сподели со своите пријатели

Вегетаријанскиот начин на исхрана може штетно да влијае на мозокот, бидејќи, според експертите, луѓето кои не јадат месо или производи од животинско потекло имаат шест пати поголеми шанси да страдаат од намалување на мозокот.

Веганите и вегетаријанците се најранливите групи, бидејќи најдобар извор на витаминот Б12, кој му е потребен на човечкото тело, се наоѓа токму во месото, особено во црниот дроб, млекото и рибата.

Научниците од универзитетот во Оксфорд спровеле истражување и тестирање на меморија и мозокот 107 луѓе на возраст од 61-87 години. Истражувањето покажало дека недостатокот на витаминот Б12 може да предизвика анемија и воспаление на нервниот систем.

Истражувањето било насочено и кон анализа на алкохолот и неговите штетни дејствија. Според резулнатите од снимките на мозокот повеќе од 1.800 луѓе, оние кои конзумирале повеќе од 14  алкохолни пијалоци неделно, во просек имаат 1,6% помал мозо од оние кои не конзумираат многу алкохол. Овие податоци не се изненадувачки, бидејќи и претходно е познато дека злоупотребата на алкохолот има негативен ефект врз нивото на витамин Б12 во организмот.

Значи, најлоша комбинација за мозокот се вегетаријанци кои пијат. Затоа, на вегетаријанците им се препорачува да конзумираат квасец, бидејќи квасецот содржи голема доза на витамин Б12, но и да не конзумираат алкохол во големи количини.