Француските месари бараат полициска заштита од веганите

Сподели со своите пријатели

Француските месари побарале од министерот за внатрешни работи Жерар Коломбо полициска заштита поради напади и „насилство“ на група вегани кои се противат на конзумирањето месо и одгледувањето на добиток за храна.

– Сметаме на вашите услуги и поддршка на целата влада дека што побрзо е можно да престане физичкото, вербалното и моралното насислтво кое го трпат месарите, се наведува во писмото од 22. јуни, а кое е потпишано од претседателот на Француската конфедерација на месари, продавачи на сувомеснати производи и деликатеси, Жан Франсоа Гијар.

Се жигосуваат за да го свртат вниманието на светот за суровоста кон животните (видео)

Loading...

– Скоро 18.000 месари во Франција се загрижени од последиците на претераното медиумско промовирање на веганскиот начин на живот, рекол Гијар, изразувајќи шокираност што дел од популацијата „сака да го наметне својот начин на живот врз мнозинството“.

Тој изразува жалење поради неодамнешното заплашување на месарите, насилството кое се спроведува и без скриени лица и под маски, се наведува во писмото.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ТикТок нема да се продаде и покрај притисокот на САД

Leave a Reply