77 лица ја прекршиле забраната за движење последнотно деноноќие

Сподели со своите пријатели

Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот 17/18.04.2020, по однос на забраната за движење, евидентирано е дека на ниво на целата држава 77 лица не ја почитувале забраната за движење, при  што приведени се 46 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.

Loading...

Исто така, според статистичките податоци за изминатото деноноќие на 219 лица им се издадени решенија за изолација, а 84 лица потпишале изјави за самоизолација.

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Никола Ивановски

Leave a Reply