6 милиони луѓе не можат да се одлучат: На која страна се свртува коњот? (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Дали коњот е свртен кон лево или кон десно? Тоа е прашање кое ги запали мрежите откако оваа оптичка илузија беше објавена…

Loading...

Видеото на кое се гледа бел коњ со ситни точки како се ротира стана вирално на ТикТок.

Главното прашање, кое ги мачеше сите на оваа мрежа, е: во која насока се врти коњот?

Видеото го објави тиктокер кој има профил на оваа мрежа наречена TrippiHub и за рекордно време собра над 6 милиони прегледи и повеќе од 290.500 лајкови.

Иако нема научни докази за да се потврди дека коњот дефинитивно се врти налево или надесно, повеќето имаат тенденција да мислат дека се врти во насока на стрелките на часовникот.

Има неколку такви илузии, а експертите од „WhatPsychologyIs“ објаснуваат дека „поради недостаток на визуелни знаци за длабочината на сликата, дводимензионална фигура може да се види од две различни перспективи.

Ова поместување на два вида на перцепциите се нарекуваат бистабилна перцепција.

Сепак, иако науката вели дека секој може да го види коњот како ротира десно и лево, многумина на мрежите се уште се збунети бидејќи оваа „втора перцепција“ им бега…

Loading...

„Можам само да видам дека се врти налево”, напишал еден корисник на мрежата, додека друг открил дека има „супермоќи” …

„Можам да контролирам во која насока се движи“, напиша тој, алудирајќи на тоа дека ако сака да го види како се ротира налево, така функционира …

Некои тиктокери рекоа дека ги „криваат“ очите за да видат во која насока се движи, други сугерираат дека предната и задната половина на коњот всушност се ротираат одделно една од друга …

Што велите вие?

 

@trippyhub which way is it spinning? #opticalillusion #illusion #fyp #mindblowing ♬ original sound – luvandrew