500 години подоцна: Вака исчезнале Ацтеките

Сподели со своите пријатели

Пред 500 години од лицето на Земјата избришана е цела една цивилизација, древниот народ Ацтеки. Се до денес научниците се обидуваат да утврдат што точно се случило.

Ацтеките се индијански народ, поточно сојуз од три племиња кои делувале како еден народ под едно име и со кои владееле со регионот на Јужно Мексико во 15. и 16. век.

Во 1545. година Ацтеките ги покосила мистериозна болест која кај луѓето предизвикувала грозница, силна главоболка, крварење од очите, носот и устата. Откако лицето ќе заболи, срмтта настапувала по три дена.

За само неколку години исчезнале 80 отсто од популацијата која имала околу 15 милиони припадници. Епидемијата е наречена „коколици“ која всушност значи тежок облика на колера.

Сепак, се до денес не можело со сигурност да се утврди што точно била причината за исчезнувањето на Ацтеките. Причината за формирање на епиедмијата бил предмет на научна расправа.

Како изгледа внатрешноста на една мумија? (видео)

Loading...

Научниците ја отфрлиле теоријата дека во прашње се големи и мали сипаници или имунолошки зарази. Благодарение на ДНК анализа од забите на одамна умрените жртви, научниците утврдиле дека причината за масовното умирање на оваа цивлизација била бактеријата салмонела, која предизвикува тифус.

– Коколици епидемијата била една од неколкуте кои го погодиле денешно Мексико по доаѓањето на Европјаните. Но, епидемиит екои следувале била многу посмртоносни. За причините за епидемиите расправаме со векови, но сега сме во можност да го дадеме одговорот на ова историско прашање, изјавил Ашилд Ваген од германскиот универзитет Тубинген.

Оваа епидемија се смета за најсмртоносната во човековата историја со скоро идентичен трагичен исход како и „Црната смрт“ која во 14. век убила 25 милиони луѓе во Западна Европа, што е скоро половина од популацијата на тој регион во тоа време.

Европските колонизатори со себе донеле и баткерии на кои локалното население немало развиен имунолошки систем.

Две децении претходно воие епидемии, веднаш по доаѓањето на Шпанците во денешнот Мексико и делови на Гватемала, од епидемија на мали сипаници починале помеѓу пет и осум милиони луше. Потоа се случила нова епидемија која за две години убила половина од популацијата.

Пронајден подводен тунел кој ја открива митеријата за Маите? (видео)

– Во градовите се ископани огромни дупки во кои, од утро до мрак биле фрлани телата на жрвите. Луѓето ништо друго не правеле освен што ги фрлале телата во јамите, запис е на еден француски историчар.

Уште во тоа време лекарите утврдиле дека симптомите на таа болест не одговараат со симптомите на малите сипаници и маларијата.

Меѓутоа, 500 години подоцна, благодарениа на анализата на скелетите на одамна починатите, утврдена е причината за исчезнувањето на оваа цивилизација. Научницит епронашле трагови од бактеријата салмонела која развила тифус.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.