5 луѓе ќе можат да го заменат Чарлс кога е болен или отсутен

Сподели со своите пријатели

Пет државни советници кои ќе можат да го заменат новоименуваниот крал Чарлс III кога е болен или надвор од државата, ќе ги именува тој самиот.

Loading...

Станува збор за неговата сопруга, кралицата Камила и четворицата први во низата наследници кои имаат над 21 година.

Односно принцот Вилијам, принцот Џорџ, принцот Хари, принцот Ендру и принцезата Беатрис.

Сепак, назначувањето на принцот Ендрју веројатно ќе шокира и изненади многумина, со оглед на тоа што тој повеќе не ги извршува кралските должности откако беше обвинет за сексуална злоупотреба во граѓанска тужба во САД.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Активисти на Гринпис го прекинаа говорот на британската премиерка

Вирџинија Јуфре тврди дека војводата сексуално ја злоставувал кога имала под 18 години.

Принцот Ендру отсекогаш ги негираше обвинувањата против него и случајот беше решен надвор од судот.

И покрај тоа што е една од најпочитуваните членови на кралското семејство, принцезата Ана нема да биде државен советник бидејќи е 16-та во редот за тронот.

Сите информации поврзани со најновите случувања во Велика Британија можете да ги прочитате ТУКА.

Loading...