Loading...
Четириесет и едногодишен кумановец бил приведен вчеравечер по пријава дека физички ја нападнал својата поранешна партнерка.
– На 12.06.2025 во 18.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода М.М.(41) од Куманово затоа што физички ја нападнал неговата поранешна партнерка, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Како што додаваат од полицијата, тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Никола Ивановски