41 година од смртта на Тито: Како ќе изгледаше Југославија доколку се оствареше неговиот план?

Сподели со своите пријатели

На денешен ден пред 41 година почина доживотниот претседател на Социјалистичка Федеративна Република Југославија – Јосип Броз Тито (1892-1980).

Loading...

Некои денес со носталгија се сеќаваат на Југославија, сметаат дека тогаш се живеело безгрижно и побезбедно, а другите сметаат дека Југославија била вметнато творештво кое со сила децении се обидувала со окупација и во заедништво да задржи неспоиви народи.

Меѓутоа, кој знае каква судбина би ја снашла Југославија во случај да бил остварен во јавност малку познатиот план на Јосип Броз Тито.

 

 

Најголемата југословенска тајна – бункер од 6 милијарди долари: Тито бил подготвен за се (ВИДЕО)

Некои историчари сметаат дек Тито сакал уште поголема, помоќна Југославија, која не би била само регионална, туку и светска сила.

Loading...

Историчарката Сабрина Рамет за српски „Блиц“ вели дека СФРЈ под Тито сакала да направи интергална Југославија која би ги вклучила подрачјата околу неа: Грција, Тракија, Албанија, Бугарија, бар еден дел од австриска Корушка, како и целата италијанска провинција Фуланија – Јулијска крајна.

Меѓу приврзаниците на југословенскиот иредентизам биле и монархистите и републиканците во време по формирањето на Југославија во 1918 година. Сабина Рамет се повикува и на изјава на политичарот Светозар Прибчевиќ дека Југославија би требала да се простира од Сочи до Солун.

Кумановци биле гости на роденденот на Тито

Можеби најчудно на оваа карта делува оа што како дел од Југославија се наведнеи и Бугарија и Албанија. Сепак, се наведува дека политичкото движење Звено во Бугарија ја поддржувало идејата овие две држави да бидат во заедничка држава на Јужните Словени. Движењето Звено дејствувало во државниот удар во Бугарија во 1934 година.

 

 

Барале сојужништво со Франција и вклучување на Бугарија во Југославија. Дури и британската влада во текот на Втората светска војна ја поддржала идејата за Голема Југославија, како одговор на пристапувањето кон Бугарските сили на Оската. По Втората светска војна, Тито објавил дека Југославија положува права и на Трст и целата Каринција, вклучувајќи ја и австриската Корушка.

Loading...

Јованка Броз била телохранител на Тито, со себе носела и пиштол

 

 

Ја ослободивме Корушка, но меѓународните услови биле такви што моравме привремено да ја напуштиме. Корушка е наша и ние ќе се бориме за неа – порачал Тито.

Освен тоа, се појавила и интересна карта која проектира дека СФРЈ изгледала дека плановите на Тито станале реалност и тоа во два случаи:

маршаловата визија да ги вклучува АЛбанија и делови од Романија и Грција, вклучувајќи го и Солун и Бледскиот споразум помеѓу Тито и Димитров вклучувајќи интеграција на Бугарија во заедница на југословенските земји.

 

Loading...

 

Снимка од говорот на Тито која долго време била забранета (ВИДЕО)

Авторот на необичната карта истакнува дека во некој паралелен свет на комунистичката револуција во Грција барем делумно успеала, со што некои делови од земјата би се оделиле и придружиле на Југославија. Истото се однесува и на Влашка, поранешно кнежевство, а денес историска покрајна на Романија.

Во случај сепак оваа сценарио да било реализирано, Југославија би се простирала, како што се наведува во текстот од Целовац, односно Клагенфурт до Истанбул.

Најголемата тајна на СФРЈ: Фотографија од ТИТО како затвореник (ФОТО+ВИДЕО)

Loading...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *