282 возачи казнети викендов во Куманово

Сподели со своите пријатели

Вкупно 282 возачи викендов биле казнети на подрачјето на Куманово поради различни прекршоци сторени во сообраќајот.

Loading...

– Во текот на изминатиот викенд, полициски службеници од Куманово спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните прописи, при што на подрачјето на Куманово санкционирани се вкупно 282 возачи, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Најголем дел од казните, или дури 254 биле поради управување возило со брзина поголема од пропишаната, 21 санкции за возачи кои управувале возило под дејство на алкохол, а 7 за управување возило без возачка дозвола.

Сообраќајните контроли, како што потенцираат од кумановската полиција, продолжуваат и во наредните денови.

– Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, стои во соопштението.

Никола Ивановски