27 сообраќајки и едно загинато лице во јануари на подрачјето на СВР Куманово

Сподели со своите пријатели

Секторот за внатрешни работи бележи намалување на бројот на сообраќајни незгоди во текот на месец јануари кога на кумановските улици имало 27 сообраќајки.

Loading...

– Како резултат на континуираните мерки и активности во сообраќајот и редовните акциски контроли СВР Куманово бележи намалување на бројот на сообраќајните незгоди, велат од кумановската полиција.

Во јануари 2023 година се случиле вкупно 27 сообраќајни незгоди од кои една со загинато лице, две со тешки телесни повреди, девет со телесни повреди и 15 со материјална штета.

Во истиот месец минатата година биле регистрирани 41 сообраќајна незгода од кои две со загинати лица, со што се бележи намалување на бројот на сообраќајни незгоди за 34 проценти.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведен бегалец од кумановскиот затвор

– СВР Куманово и во наредниот период ќе продолжи да спроведува зајакнати акциски контроли за санкционирање на возила и возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот на сите учесници, стои во соопштението на кумановската полиција.

Никола Ивановски