27 нови случаи на коронавирус во Куманово

Сподели со своите пријатели

Куманово и денеска брои најмногу нови регистрирани случаи на коронавирусот, вкупно дваесет и седум, со што достигна до бројка од 262 заразени.

Loading...

Денеска се регистрирани 12 оздравени пациенти од Скопје кои се лекуваа во домашни услови, а кои по два контролни теста се негативни на коронавирусот.

Во изминатите 24 часа се потврдени  66 нови случаи на Ковид-19.

По градови: Скопје-10, Куманово-27, Штип-3, Прилеп-4, Тетово-5, Струга-4, Велес-2, Охрид-5, Гостивар-1, Кочани-3 и Неготино-2.

Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашата земја изнесува  974 лица.

Според местото на живеење, досега се регистрирани случаи во:

       Скопје – 339

       Куманово – 262

Loading...

       Дебар – 49

       Штип-31

       Прилеп –89

       Тетово – 43

       Струга – 47

       Велес – 36

       Битола –9

       Охрид –9

Loading...

       Кавадарци – 3

       Гостивар –10

       Гевглелија – 4

       Струмица – 2

       Крива Паланка-4

       Радовиш – 4

       Крушево – 3

       Кочани – 25

Loading...

       Пробиштип – 2

       Кичево – 1

       Неготино -2

Во изминатото деноноќие направени се 500  теста. Преку ИЈЗ –310 , преку Ветеринарен ф-тет – 24, Авицена –24 , Биотек – 24 и Филип Втори (Жан Митрев) – 118. Досега во земјата се направени вкупно 9762 тестирања на Ковид -19.

На Клиниката за Инфективни болести и фебрилни состојби нема прием на нови пациенти. Хоспитализирани се вкупно 57, од кои 14 на кислородна поддршка и 6 на механичка вентилација.

Во болницата „8 септември“ примени се 6 нови пациенти, а вкупно хопситализирани 34. На респираторна машина се 6 пациенти, а 8 пациенти се со потешка клиничка слика.

Loading...

Во битолската болница, до утрово се хоспитализрани 5 пациенти, сите се во подобрена состојба и земени се први контролни брисеви кај 3 од пациентите. Денеска пристигнува уште еден пациент од Охрид кој ќе биде лекуван во оваа болница. На домашно лекување се следат 8 пациенти.

Во болницата во Штип се лекуваат вкупно 8 пациенти, сите се стабилни а во домашни услови се следат уште 17 пациенти.

Едно лице кое во вчерашната статистика беше евидентирано во Куманово, по завршување на епидемиолошката анкета е утврдено дека е жител на Крива Паланка и согласно тоа е адаптиран денешниот извештај.

Никола Ивановски

Leave a Reply