24 точки на утрешната седница на Советот на Општина Куманово

Сподели со своите пријатели

Вкупно 24 точки ќе се најдат на дневен ред на утрешната 33та седница на Советот на Општина Куманово.

Loading...

Од финансиски извештаи на јавни претпријатија, измени на предлог програми за спорт, култура и развој, до извештаи за извршување на Буџетот, ќе треба да се најдат пред советниците.

Седницата започнува во 10:00 часот, а целосниот дневен ред може да го проследите во продолжение:

1. Информација за превземени мерки и активности од страна на Полициска станица од општа надлежност Куманово во текот на првото полугодие од 2023 година;

2. Предлог – Одлука за впишување на основната главнина на Јавното претпријатие за изградба на инфраструктурни објекти „Куманово – гас“ Куманово;

3. Извештај за финансиско работење на ЈП „Куманово – план“ – Куманово за период од 01.07.2023 – 30.09.2023 година;

4. Програма за изменување и дополнување на Програмата за работа на ЈП „Куманово – план“ – Куманово за 2023 година;

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Неделна прогноза за Куманово: Ќе се врати ли дождот?

5. Програма за измена на Програмата за работа на ЈП „Куманово – паркинг“ – Куманово со финансиски план за 2023 година;

Loading...

6. Предлог – Решение за давање на мислење на Статутарната одлука за изменување и дополнување на Статутот на ООУ „Браќа Миладиновци“ – Куманово;

7. Предлог – Правилник за измена на Правилникот за начин на распределба на средства за реализација на Програма за развој на спортот и рекреативните активности на граѓаните во Општина Куманово за 2023 година;

8. Предлог – Програма за измена на Програмата за развој на спортот и рекреативни активности на граѓаните во Општина Куманово за 2023 година;

9. Предлог – Програма за измена и дополнување на Програмата на културни манифестации на Општина Куманово за 2023 година;

10. Предлог – Одлука за распределување на финансиски средства наменети за обезбедување на превентивно-промотивни активности за унапредување на здравјето на населението за 2023 година;

11. Предлог – Програма за изменување на Програмата за субвенционирање на наставни, воннаставни и спортски активности по пливање во Затворениот базен – Куманово за учениците од основните и средните училишта од Општина Куманово за 2023 година;

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Неделна прогноза за Куманово: Ќе се врати ли дождот?

12. Предлог – Измена и дополнување на Планот на програми за развој на Општина Куманово за 2023 година;

13. Предлог – Програма за изменување и дополнување на Програмата за уредување на градежно земјиште, изградба и одржување на комунална инфраструктура на град Куманово за 2023 година;

Loading...

14. Предлог – Програма за изменување на Програмата на активности од областа на заштитата на животната средина и природата на Општина Куманово за 2023 година;

15. Предлог – Програма за изменување на Програмата за субвенционирање на граѓани за приклучок на гасификациона мрежа на подрачје на Општина Куманово за 2023 година;

16. Предлог – Одлука за доделување на основна главнина на Јавно претпријатие „Чистота и зеленило“ – Куманово;

17. Квартален извештај за извршување на Буџетот на Општина Куманово за III квартал од 2023 година;

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Неделна прогноза за Куманово: Ќе се врати ли дождот?

18. Предлог – Измени и дополнувања на Буџетот на Општина Куманово за 2023 година;

19. Предлог – Одлука за утврдување на проектни приоритети за реконструкција на дел од улица „300“ во Ајдучка Чешма во Општина Куманово;

20. Предлог – Одлука за утврдување на проектни приоритети за изградба на некатегоризиран локален пат с. Новосељане – с. Косматац – с. Мургаш во Општина Куманово;

21. Предлог – Одлука за давање согласност објекти – недвижности сопственост на Општина Куманово да се дадат под закуп по пат на електронско јавно наддавање;

Loading...

22. Предлог – Одлука за давање на трајно користење на движна ствар – сопственост на Општина Куманово на Јавно претпријатие „Чистота и зеленило“ – Куманово;

23. Предлог – Одлука за формирање на Локална комисија за борба против трговија со луѓе и илегална миграција на Општина Куманово;

24. Предлог – Решение за разрешување и именување на претставник од Општина Куманово за член на Училишниот одбор во ООУ „Бајрам Шабани“ – Куманово.