24 литри дожд наврнаа во Куманово изминатото деноноќие

Сподели со своите пријатели

Дваесет и четири литри дожд на метар квадратен наврнаа во текот на изминатото деноноќие на подрачјето на Општина Куманово, покажуваат податоците на Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Повеќе дожд наврнал само во Пожаране 30 литри и во Тетово 29.

Во текот на денот, во државата, времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет, особено претпладне, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 8 до 14 степени.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме облачно време со врнежи од дожд и максимална дневна температура од 11 степени целзиусови.

Утре претпладне се уште ќе има појава на локален слаб дожд, а во текот на денот ќе настапи стабилизирање на времето.

Дневните температури во петок и деновите од викендот ќе бидат во пораст, велат од УХМР.

Loading...

Никола Ивановски

Leave a Reply