2 Мај – ден кога во општина Липково беше прогласена ”слободна територија”

Сподели со своите пријатели

Со народен собир во с. Слупчане, Општина Липково, денес ќе бидат одбележани 14 години од прогласувањето на т.н ”слободна територија” во општина во која започнаа првите гранатирања од страна на македонските безбедносни сили насочени кон вооружени лица – припадници на т.н ОНА.

Loading...

Иако првите судири со македонската полиција започнаа со убиство на еден и ранети тројца полицајци во с. Теарце на 22 јануари 2001, 2 мај е заведен како ден за прогласување на ”Слободна тероторија” во с. Слупчане – липковско, односно кога македонските безбедносни сили еден ден подоцна започнаа со гранатирање и вооружени дејства во селата кои гравитираат кон Куманово во делот со границата со Косово.

По првите информации дека во Македонија се забележани вооружени групи од Косово, на 16 февруари 2001 година, во скопско Танушевци, новинарската екипа на тогашната А1 телевизија бива заробена од страна на т.н ОНА, по што на 26 февруари следеше вооружена престрелка меѓу македонските безбедносни сили и вооружени лица од Косово. Подоцна, на 5 март, во месноста Рамно во околината на Скопје, при експлозија на нагазна мина, животот го загубија двајца припадници на АРМ, додека еден полицајцец бива застрелан од снајперски оган.

По загинувањето на македонските војници, следеше ескалација на судирите во Тетово, напад на полициска патрола во с. Табановце, масакарот во Вејце на 28 април и прогласување на ”слободна територија” во  Липково на 2 мај 2001 година.

Иако не постојат официјални информации за тоа колква била бројноста на вооружените групи на т.н ОНА, некои извори тврдат дека во моментот на прогласувањето на слободната територија, на територија на општина Липково се наоѓале околу 1000 вооружени лица, со што бројката до потпишувањето на Охридскиот договор се искачи на 2500 лица.

Гранатирањето во општина Липково од 3 мај во Ваксинце и Слупчане, продолжи во селата Матејче, Никуштак, Липково и Опае, со продолжување на борбените дејства во општина Арачиново и Тетово.

Воениот конфликт во Македонија кој го одбележаа неколку масакри над македонските безбедносни сили и загинување на 68  припадници на полицијата и АРМ, односно 104 припадници на ОНА вклучувајќи ги тука и косовските членови, како и 10 македонски и 68 цивили од албанска националност, заврши на 13 август со потпишување на Охридскиот Рамковен договор со посредство на меѓународниот фактор.

По потпишувањето на договорот, раселените лица од Општина Липково од македонска и српска националност повеќе не се вратија во своите домови, иако меѓународната заедница уверуваше дека нивните животи и домови се повторно безбедни.

Loading...

https://www.youtube.com/watch?v=EUN9mENXHM4

Leave a Reply