2 едноставни и природни начини за согорување калории и намалување на нивото на шеќер во крвта

Сподели со своите пријатели

Зголемено ниво на гликоза во крвта или хипергликемија е нарушување во телото што се јавува најчесто поради дијабетес, но исто така и како последица на стрес, метаболички нарушувања, неисхранетост, хроничен пренапон или после земање на одредени лекови.

Loading...

Ако скокот во шеќерот во крвта може да се спречи или да се подобри неговиот третман, најдобриот и најмалку штетниот начин да го направите тоа е – природно.

 

 

1. Прошетка

Кратката прошетка веднаш по оброкот, со умерено темпо, може да биде наједноставната и најкорисна стратегија во борбата против дијабетесот, особено за постарите лица. Истражувањето на американските научници покажа дека 15-минутна прошетка, околу половина час после секој оброк, го намалува нивото на шеќер во крвта, исто како и 45-минутната прошетка наутро или доцна попладне.

Најважно е да пешачите после вечера, со цел да го нормализирате нивото на шеќер во крвта пред спиење, бидејќи во спротивно постои поголем ризик од дијабетес.

Loading...

Покрај тоа, одењето ја намалува вознемиреноста и го подобрува имунитетот.

 

 

2. Балансирана исхрана

Она што го јадете и кога јадете може да влијае на нивото на шеќер во крвта. За да го контролирате нивото на шеќер во крвта, проверете дали интервалот помеѓу два оброка е четири до шест часа. Оброкот во исто време секој ден, исто така, помага да се контролира нивото на шеќер.

Во прилог на фактот дека исхраната влијае на здравјето и нивото на шеќер во крвта, влијае и на забрзување на метаболизмот и губење на тежината.

Храната што ја јадеме е многу важна за нивото на шеќер во крвта, особено оние со низок гликемиски индекс, како што се:

Loading...
  • броколи
  • моркови
  • спанаќ
  • авокадо
  • портокали
  • јаболка
  • житарици
  • пилешко
  • мисиркино
  • јајца
  • јадкасти плодови