19-годишник нападнал полицаец, па оштетил инвентар во СВР Куманово

Сподели со своите пријатели

Деветнаесетгодишен кумановец бил приведен вчера откако му била пронајдена марихуана, а потоа нападнал полицаец и оштетил инвентар во станицата.

Loading...

– На 25.03.2024 во 21.45 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Н.П.(19) од Куманово затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од кумановската полиција, при приведувањето, физички нападнал полициски службеник, а подоцна оштетил и дел од инвентар во просториите на СВР Куманово.

– По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, стои во соопштението.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Претставници на МВР им одадоа почит на загинатите во Диво насеље (ФОТО)

Никола Ивановски