186 казни за возачите во Куманово викендов

Сподели со своите пријатели

Вкупно 186 казни напишала полицијата викендов во Куманово, а најголем дел од нив биле за брзо возење.

Loading...

– Во текот на изминатиот викенд, полициски службеници од Куманово спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните прописи, при што на подрачјето на Куманово санкционирани се вкупно 186 возачи, информираат од кумановската полиција.

Од вкупниот број казни, најголем број или,  148 биле изречени на возачи кои управувале возило со брзина поголема од пропишаната, 15 санкции за возачи кои управувале возило под дејство на алкохол, 19 за управување возило без возачка дозвола и 4 за нерегистрирано возило.

Сообраќајните контроли, посочуваат од СВР Куманово, продолжуваат и во наредните денови.

– Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, стои во соопштението.

Никола Ивановски