Сезонава вкупно 177 вакцини против грип биле аплицирани на подрачјето на Центарот за јавно здравје Куманово, покажуваат статистичките податоци на Институтот за јавно здравје.
Така според табеларните податоци, се забележува дека никој под 30-годишна возраст не примил вакцина против грип во најголемата општина во државата.
Најмногу вакцинирани се лицата со хронични заболувања во возрасната категорија од над 65 години односно вкупно 73 граѓани. Потоа следува возрасната група од 30 до 64 години каде вакцинирани се 31 лице со хронични и три лица без хронични заболувања.
Нема вакцинирани бремени жени, а вакцина против грип примиле и 70 здравствени работници и 60 лица штитеници на Домот за стари лица „Зафир Сајто“.
Центарот за јавно здравје Куманово има набавено 300 вакцини од кои 177 се искористени.
Никола Ивановски