14 милиони денари за околу 100 културни манифестации годинава во Куманово

Сподели со своите пријатели

Куманово од општинскиот буџет за организирање културни настани и манифестации за годинава одвои 14 милиони денари, соопштија од општината.

Loading...

И оваа година, нагласуваат од секторот за култура ќе се реализираат околу сто манифестации.

Дел се веќе традиционални и познати на јавноста, дел се однесуваат на одбележување значајни датуми, 11 Октомври, Денот на ослободувањето на градот, државни, верски празници, празници, празници на етничките заедници во градот, одбележување на историски личности и настани

– Најмногу финансиски средства ќе се потрошат за концертот по повод 11 Ноември, Ден на градот и Мото рок фестивал „Куманово 2023“, а најмалку на неколку манифестации за одбележување на историски настани и помали културни настани како што се: одбележување на борбата во Пелинце, загинување на Народниот херој Христијан Т.-Карпош, бдеење на кокински мугри, изложба „Етно соба и етно музеј“ и други.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Познато кој победи во Старо Нагоричане

И оваа година ќе се држат фолклорни концерти на повеќе културно-уметнички друштва, концерти како гитаријада, за рок, поп, алтернативна музика на кои им се дава шанса на младите таленти да се покажат пред пошироката јавност, велат од секторот за култура.

Установи, здруженија, фондации и правни лица кои имаат регистрирана дејност од областа на културата, лани можеа да аплицираат на јавниот повик за прибирање на податоци и предлог-проекти кој го објави одделението за култура и спорт од општина Куманово.

Тие доставија предлог проекти со кои го збогатуваат културниот живот, го зачувуваат и афирмираат материјалното и духовното културно наследство, локалното творештво, покажуваат грижа за унапредување на соживотот меѓу заедниците и обезбедуваат континуитет на традиционалните културно-уметнички манифестации од локален карактер.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Стојчевски: Имаме нефункционални институции и затоа граѓаните решија ова да го сменат