13 лица се повредени во напад на леопард во Индија

Сподели со своите пријатели

Во напад на леопард во индиската сојузна држава Асам, денеска се повредени 13 лица, меѓу кои тројца шумари, пишува Hindustan Times.

Loading...

Според официјални лица, инцидентот се случил околу Истражувачкиот институт за дождовни шуми, а леопард излегол од шумата на институтот и ги нападнал случајните минувачи.

„Во нападот се повредени 13 лица, ваквото однесување на леопардите е невообичаено бидејќи тие обично не напаѓаат луѓе“, соопшти полицијата.

Сите повредени се примени во болница, каде што е соопштено дека нивната состојба не е сериозна.