12 литри дожд во Куманово изминатото деноноќие

Сподели со своите пријатели

Вкупно 12 литри дожд на метар квадратен наврнале во текот на изминатото деноноќие на територијата на Куманово, покажуваат податоците на Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Како што информираат од УХМР денеска низ Македонија ќе имаме претежно облачно и свежо со повремени врнежи од дожд, особено во западните делови.

Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, кој на места долж Повардарието повремено ќе засилува. Максималната температура ќе биде во интервал од 11 до 16 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме облачно време со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југ и југоисток.

Утринската температура ќе се движи околу 10 степени, а дневниот максимум се очекува да достигне 16 степени целзиусови.

Loading...

 

 

Врнежите од дожд се очекува да продолжат до крајот на работната недела.

 

Никола Ивановски