10 совети од познат психијатар: Како да го зачувате менталното здравје?

Сподели со своите пријатели

Има проблеми во животот на секоја личност, и ретко се оние кои никогаш не доживуваат тешки периоди. Во тие моменти, најлошото е допуштање на вашите проблеми да ве фрлат во еден круг на негативноста и депресијата.

Loading...

„Треба да се потрудите да пронајдете нешто позитивно и нешто што ќе ве натера да се чувствувате подобро“, вели познатиот британски психијатар, д-р Макс Пембертон.

Жените кои престануваат со консумирање алкохол го подобруваат менталното здравје

По долгогодишна пракса и работа со пациенти, тој открива 10 работи што ќе ви помогнат да го одржите вашето ментално здравје. Ова се докажани методи кои многу им помогнале на неговите пецинети и ги направиле посреќни.

1. Престанете да се грижите, затоа што секогаш ќе има некоја причина за грижа и вознемиреност

„Кога би се грижеле за нешто што евентуално може да се случи, немаше да остане време за ништо друго. Еден од моите пациенти постојано се грижеше. Да му помогнам да ја надмине таа опсесија, направив список на сите работи на кои се жалевме за време на нашите разговори. Ние заедно го поминавме целиот список и тој конечно заклучи – ниту едно од неговите замислени негативни сценарија не се остварило.“

2. Дали сте навистина лути поради она за кое мислите дека сте лути?

„Една пациентка постојано беше лута на нејзиниот сопруг затоа што не ги миел садовите, поради тие постојано се расправаа. Јас предлагав да купат машина за миење садови, но таа рече дека тоа нема да помогне. Се разбира дека не, кога вистинската причина е нешто сосема второ. Кога го реков тоа, таа пукна во солзи и призна – таа всушност смета дека нејзиниот сопруг повеќе не е заинтересиран за неа, па затоа го казнила со бесмислени кавги“.

Loading...

Децата опседнати со социјалните мрежи се склони кон проблеми со менталното здравје

3. Бидете љубезни кон себе

„Иако многу години соработувам со луѓе, сè уште сум шокиран од тоа како луѓето се способни да бидат злобни кон себе. Љубезноста бара исто толку напор како и негативноста. Зошто тогаш, наместо да се труеме сами од себе, да не преминеме на тоа да бидеме љубезни и почитувани од самите себе?”

4. Бидете љубезни со другите

„Престанете да се грижите за тоа што прават другите, што велат и што облекуваат. Престанете да ги обвинувате. Обидете се да ги претворите негативните мисли за некоја личност во позитивни.

Ќе забележите како вашето расположение ќе биде подобро потоа. Да се ​​биде фин не е толку тешко!”

5. Најдете нова работа

„За многу луѓе работата е смислата на животот. Но, тоа може да биде вашиот тивок убиец. Во текот на мојата кариера, видов многумина на кои исполнувањето на деловните обврски им нанело штета и болка.

Loading...

Ова се првите сигнали дека вашето ментално здравје е нарушено

Незадоволството од работата се одразува на секој друг аспект на животот. За да заработиме за живеење, мора да заработиме пари, но поентата не е да го правиме животот нервозен, мизерен и на крајот болен.

Не застанувајте сè додека не најдете работа од која можете да живеете истовремено, но ќе можете да уживате во тоа “.

6. Прифатете ги луѓето онакви какви што се и продолжете понатаму

„Да се ​​обидете да промените некого ви треба многу време, сила и енергија. Не разлутуваат и најмалите ситници во нечие однесување… За да се ослободите од ова, едноставно мора да научите да ги прифаќате луѓето какви што се. Инаку, ќе завршите исцрпени, несреќни и лути на истите ситници во однесувањето кои ретко навистина можат да се променат засекогаш кај одредени луѓе“.

7. Престанете да си кажувате дека сè е во ред

„Кога се е лошо, изговорете го тоа гласно. Не бегајте од себе или од проблемите, повторувајќи дека сè е во ред и колку сте добри, ако всушност ништо од ова не е точно. Отворете се до блиски луѓе и обидете се да најдете решение. Во спротивно, периодот на негирање еднаш мора да помине, кога обично доаѓа болното враќање во реалноста“.

Осаменоста би можела да добие епидемиски размери, предупредуваат научниците

Loading...

8. Кажете „Не“

„Само направете го тоа. Обидете се. Обрнете внимание како ќе се чувствувате кога конечно ќе кажете „Не“ на нешто што навистина сакате да го одбиете. Уживајте во слободата и олеснувањето што ќе ви донесе ваков едноставен збор!“

9. Не молчете

„Секоја личност во светот треба да има барем една личност со која ќе ги сподели своите најдлабоки чувства и мисли. Сепак, многу луѓе избираат да чуваат сè во себе, и ова е вашата најбрза кратенка до мојата ординација, и тоа во последен момент – кога негативните мисли го освојуваат целиот ваш ум“.

Семејните скандали водат до дебелеење

10. Кажете им на најблиските колку ги сакате

Loading...

„Звучи сурово, но точно е – некои од луѓето кои многу ги сакате утре можеби нема да се разбудат. Не кријте ги чувствата. Немојте да бидете срамежливи да ја признаете љубовта. Јасно и гласно оставете ги вашите најблиски да знаат колку ви се важни и колку ги сакате. Искористете ја можноста додека се уште ја имате. Вие ќе бидете посреќни кога ќе почувствувате дека не криете никакви чувства од најблиските “.

Leave a Reply