Ова се првите сигнали дека вашето ментално здравје е нарушено

Сподели со своите пријатели

Брзината на времето во кое живееме, емоционалниот стрес и преоптовареноста го земаат својот данок, физички и психички. Откријте кога навистина сте во сериозни проблеми.

Loading...

Задушувањето на емоциите, акумулираниот стрес, конфликтите со кои се соочуваме, разочарувањата и неуспесите, како и бројни други причини може да доведат до сериозни психолошки последици.

Личност која е во депресија ги има овие навики, кои се очаен повик за помош

Денес, голем број на луѓе се повеќе живеат стресен начин на живот, со дневни предизвици и со намалена грижа за себе и за нивните потреби. Таквиот начин на живот, кој е најлош од сите, стана еден вид неизбежен стандард и ние го прифаќаме како неизбежен.

Поради сето ова, менталното здравје на луѓето кои се спротивставуваат на емоционалниот стрес и другите типови стрес подолг временски период – можат сериозно да бидат нарушени.

Секој поединец има различна енергија, храброст и сила кога се појавуваат различни животни пречки и кога се појавуваат одредени тешкотии. Секој има свој начин и капацитети да се соочи со нив и да ги надмине – некои од тие капацитети се посилни, некои послаби…

Смартфоните можат да предизвикаат деменција и депресија

Важно е да се напомене дека акумулираните емоционални проблеми, што доведуваат до аксиозност, депресија, социјална фобија, OCB (опсесивно-компулсивно нарушување) може да се решат доколку реагирате навреме и не го запоставите вашето здравје.

Loading...

Еве неколку рани сигнали кои укажуваат на нарушено ментално здравје.

Симптоми: желба да се изолирате од другите, престанок на активности што некогаш ги сакавте, спиете пократко или подолго од вообичаеното, прејадување или драстично намален апетит, недостаток на енергија, пороци, неконтролирано изразување на необични емоции, збунетост, ненадејни промени во расположението, демотивирање и тешкотии при вршењето на дневни активности, проблеми со концентрација или меморија, прекумерна самокритика и лутина кон себе и кон другите, постојано чувство на незадоволство.

Дали пушењето води кон депресија?

Ако доживеете некој од овие симптоми, многу е важно што побргу да побарате стручна помош. Третманот зависи од менталната состојба на секоја индивидуа, така што во зависност од тоа, ќе се дефинира дали ќе имате когнитивно-бихевиорална терапија, дијалектичка бихејвиорална терапија или некој друг вид на терапија.

Исто така е важно да ги промените животните навики, затоа што старите обрасци се нешто што ве довело до оваа состојба. На тој начин, ќе се помогнете себе си и ќе ги подобрите вашите ментални капацитети и одбранбени механизми.

Променете ја исхраната, одморете повеќе, обидете се да го промените ставот и аголот на набљудување и да се посветите на активности што ве опуштаат и намалете на минимум сè што ве става во состојба на стрес и вознемиреност, барем некое време.

Камилица, чај кој секогаш помага: Лекува несоница и депресија

Можеби водечката причина за компромитираното ментално здравје е сузбивање на емоциите.

Loading...

Обидете се да го отворите срцето, да ги споделите вашите грижи со личност во која верувате, нека излезе од вас вулканот на емоции, затоа што на тој начин ќе се ослободите од товарот што „врие“ во вас и ќе барате начин да се изразите.

Дозволете да се ослободат емоциите, на начин што ви изгледа најпријатно и најсоодветно, и ќе почувствувате големо олеснување и чувство на индивидуалност.

Стрелците среќни во љубовта, Скорпиите во депресија

Leave a Reply