Во понеделник вонредна крводарителска акција во Куманово поради намалени резерви на крв

Сподели со своите пријатели

Општинската организација на Црвен крст Куманово во понеделник, 14 септември, организира вонредна летна крводарителска акција поради намалените резерви на крв.

Акцијата ќе се одржи во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“, во периодот од 09 до 14 часот.

Од Црвениот крст упатуваат апел до сите здрави и полнолетни граѓани кои се во можност да даруваат крв да се приклучат.

– Во овој период потребите од крв се зголемени, додека резервите се намалени, поради што секоја дарувана единица може да биде од големо значење за пациентите на кои им е неопходна, велат од ОО на Црвен крст Куманово.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведен 53-годишен кумановец, полицијата му пронашла хероин

Од организацијата потсетуваат дека со еден хуман гест може да се помогне некому во најтешките моменти и да се спаси човечки живот.

Никола Ивановски