Аеродроми кои во 2100 повеќе нема да постојат

Сподели со своите пријатели

Некои од најпрометните аеродроми, вклучувајќи ги и оние во Њујорк, би можеле да бидат под вода до крајот на векот ако се покачи нивото на морето, предупредуваат научниците.

Loading...

Со покачување на нивото на морето за еден метар, 80 аеродроми ќе бидат потопени до 2100 година, се вели во анализата на Институтот World Resources (WRI).

Најголема затворена градина во Азија: Може ли аеродромот да стане атракција? (ФОТО)

Меѓувладиниот панел за климатски промени од 2019 година предупредува на покачување на нивото на морето за 60 до 110 сантиметри доколку не се намалат емисиите на стакленички гасови.

Меѓу загрозените аеродроми се оние во Њујорк, но и кинескиот аеродром „Јаншенг Нанјанг“ и Шипхол во Амстердам.

Поради се повеќе очигледните негативни ефекти од климатските промени, аеродромските менаџери во крајбрежните региони започнаа да инвестираат во различни мерки, како што се поставување писти, изградба на ѕидови за одбрана од поплави и подобри системи за одводнување.

Колку порано да стигнете на аеродромот за да не го пропуштите летот?

Аеродромот Чанги Сингапур, кој анализирал можни сценарија до 2100 година, гради нов терминал со пет и пол метри надморска височина.

Loading...

Меѓународните аеродроми Логан во Бостон и Сан Франциско веќе поставија бариери за одбрана од поплавување.

Монако, Ватикан… Што кога државата е премала за аеродром?

Минатиот месец беше одобрен проектниот план од 587 милиони американски долари за поставување ѕид на аеродромот во Сан Франциско од три до осум метри.

Многу помали аеродроми во островските држави кои имаат недоволно финансирање, како што се оние на Пацификот, исто така се изложени на ризик.

Leave a Reply