Приведен 53-годишен кумановец, полицијата му пронашла хероин

Сподели со своите пријатели

Педесет и тригодишен кумановец бил приведен вчера откако полицијата во домот му пронашла хероин.

– На 10.09.2026 во 13:45 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода А.И.(53) од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, при претрес во неговиот дом, извршен по судска наредба, бил пронајден и одземен хероин.

– Тој е приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава, стои во соопштението.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  30 хектари изгореа во пожар во Облавце, гореше и во Руѓинце (ФОТО)