Пожарите во Австралија ќе бидат „вообичаена состојба“ во целиот свет, сметаат научниците

Сподели со своите пријатели

Пожарите што беснеат во Австралија со недели може да станат „нормална работа“ доколку не се намалат емисиите на штетните гасови кои го предизвикуваат глобалното затоплување, предупредуваат научниците.

Loading...

Иако австралиската влада и некои медиуми се обидуваат да ја намалат улогата на климатските промени во пожарите, анализата на 57 научни трудови објавени од 2013 година покажува јасна врска, според Ројерс.

„Оваа ситуација што ја гледаме нема да се промени“, предупреди коавторот за анализата, Ричард Бетс.

Анализата покажа дека климатските промени доведоа до почеста појава на таканареченото „време на пожар“ – период на висок ризик од пожар заради комбинација на високи температури, ниска влажност на воздухот, помалку врнежи и големи ветрови.

Последиците од ова време не се видливи само во Австралија, туку и во западните САД и Канада, јужна Европа, Скандинавија, Амазон и Сибир.

Image by Эльвина Якубова from Pixabay

Бетс наведува дека Австралија е особено ранлива бидејќи температурите таму се искачиле над глобалниот просек уште од пред-индустриското време.

Loading...

Светската метеоролошка организација соопшти дека температурите може да се зголемат за три до пет степени во овој век – три пати повеќе од лимитот предвиден со Парискиот договор за клима во 2015 година – доколку не се намали со емисиите на стакленички гасови.

„Температурата на Австралија е моментално екстремна, но тоа е нешто што може да се очекува низ целиот свет, ако глобалното затоплување се случи на три степени“, предупреди Бетс. „Ќе видиме од прва рака што значат климатските промени“, додаде тој.

Најмалку 28 лица загинаа во пожари во Австралија кои уништија 2.000 куќи и 27 милиони хектари површина.

После неколкунеделни критики за тоа како да се реши кризата, премиерот Скот Морисон најави истрага, која исто така ќе го разгледа влијанието на климатските промени врз катастрофата што ја погоди Австралија.

Во меѓувреме, НАСА предупреди дека чадот од пожарите во Австралија ќе направи барем еден круг околу Земјата и ќе се врати во Австралија.

Агенцијата, користејќи сателит, ги анализирала пожарите и заклучила дека чадот веќе поминал низ целиот свет и влијаел на квалитетот на воздухот во други земји.

Експертот за клима, Николас Белин од универзитетот „Рединг“, изјави за Си-Ен-Ен дека доколку Австралија биде погодена од вакви пожари секоја година или на секои неколку години, квалитетот на воздухот би бил полош и климатските промени поизразени.


Loading...

Leave a Reply